Грците, Албанците и Србите најбројни странски туристи во Македонија

19

ohrid49Македонија во јануари годинава била најмногу посетена од грчки, албански и српски туристи.

Според податоците на ДЗС, државава ја посетиле 3.417 грчки туристи кои оствариле 5.550 ноќевања, 2.210 албански туристи со остварени 3.611 ноќевања, а по нив се српските туристи 1.513 со остварени 2.299 ноќевања.

Во јануари во Македонија се регистрирани 31.764 туристи и во однос на претходниот месец има зголемување од 1,2%, кај домашните, а кај странските за 2,3%.

Во однос на јануари лани забележано е намалување за 5,9%. Кај домашните туристи има намалување од 2,9, а кај странските за 8,5%.

Во јануари годинава бројот на ноќевањата изнесувал 66.984, што е за 5,9% повеќе во однос на претходниот месец. Кај домашните зголемувањето е за 18,7%, а кај странските за 6,1% . Во однос на јануари минатата година забележано е намалување за 1% кај домашните, а за 10,8% кај ноќевањата на странските туристи.