Грците очекуваат подобра туристичка сезона, главен адут гостите од нордиските земји

100

Грција се подготвува за новата туристичка сезона, очекува да се врати на нивото пред корона вирусот, авиокомпаниите ги зголемуваат летовите, а луѓето се „гладни“ за патувања и не сакаат да веруваат во инфлација и други фактори кои би ги одвратиле од одмор.

Побарувачката е сè уште помала во Велика Британија и Германија, најголемите пазари за посети на Грција, додека нордиските земји ќе остварат значителен промет, изјави министерот за туризам Василис Кикилијас, пренесува Блумберг.

British Airways, Ryanair Holdings Plc, EasyJet Plc и Jet2 бараат повеќе летови отколку во 2019 година, кога бројот на туристи достигна рекордни 31 милион, рече Кикилијас. Три главни американски авиокомпании превезуваат околу 3.000 луѓе неделно од Атланта, Чикаго, Бостон, Њујорк, Филаделфија и Вашингтон, од кои многу одат со грчки бродови за крстарење. Директните летови од Канада започнуваат на 2 април. Исто така, се очекуваат повеќе летови од Австралија, додека Quatar Airways бара летови до островите како Миконос и Санторини.

Туризмот сочинуваше една петтина од грчката економија пред Ковид-19 да го прекине патувањето. Приходите од туристите минатата година достигнаа 60 отсто од 18 милијарди евра од 2019 година. Владата процени дека закрепнувањето може да достигне 80% оваа година во прогнозата објавена непосредно пред рускиот напад врз Украина.