Грците воведуваат ново правило: Вакцинираните ќе може да летуваат без никакви ограничувања

950

До крајот на пандемијата, во Грција ќе има две категории туристи – оние кои биле вакцинирани и оние кои не биле, најави министерот за туризам, Харис Теохарис, пишува српски Блиц.

Во интервју за грчки медиум, Теохарис потенцираше дека вакцинираните патници повеќе нема да мора да бидат тестирани или ставени во карантин, доколку покажат потврда за вакцинација при влегувањето во земјата.

Секој што е вакциниран во Грција ќе добие дигитален сертификат, а повеќето европски земји планираат да воведат слични сертификати.

“Многу се зборува за меѓусебно признавање на сертификатите помеѓу земјата на поаѓање и дестинацијата“ рече Теохарис.

За оние кои не биле вакцинирани, мерките за контрола на границата ќе бидат проширени, додаде тој, истакнувајќи дека постои сеопфатен план за поддршка на компаниите и работниците погодени од епидемиолошката криза.

Фото: Pixabay