Компанијата Грозд од Струмица, во периодот јануари – септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 48.272.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 46.805.000 денари.
Вкупните приходи од продажба од јануари до септември оваа година изнесуваа 155.214.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 145.324.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 9.890.000 денари.
Основна дејност на компанијата Грозд од Струмица е производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалаци.