Групацијата Триглав доби највисок кредитен рејтинг A од агенцијата А.М. Best

35

triglav-logo-01

Во рамки на редовната годишна ревизија, Агенцијата за кредитен рејтинг A.M. Best ги зголеми рејтинзите за финансиска моќ од А- на А (Одличен) и за кредитната способност на издавач од а- на а (Одличен) на Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав, којашто е најголема осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, како и на нејзиното друштво за реосигурување, Позаваровалница Триглав Ре.

“Кредитните рејтинзи на обете компании имаат стабилна среднорочна прогноза. Високите кредитни рејтинзи ѝ обезбедуваат на Групацијата Триглав соодветна конкурентна позиција на осигурителните, реосигурителните и финансиските пазари, бидејќи ја потврдуваат нејзината финансиска моќ и успешноста во работењето. Успешното работење, кое што е една од најважните стратешки цели на Групацијата Триглав, беше постигнато во 2016–та година со дополнителното подобрување на самостојните кредитни рејтинзи на позицијата А од страна на двете рејтинг агенции (S&P Global Ratings и A.M.Best), коишто ја оценуваат Групацијата Триглав“, стои во соопштението.

Кредитните рејтинзи од A.M. Best, како што се наведува, се одраз на одличните перформанси на компанијата  во континуитет во последните пет години, водечката позиција на словенечкиот пазар, како и исклучителната препознатливост на брендот Триглав во регионот. Според A.M. Best, работењето на компанијата на домашниот пазар е под влијание на подобрените, но сеуште тешки пазарни услови и остра конкуренција.

Компанијата, според А.М.Best, во првата половина од оваа година имаше добри перформанси на пазарите на пензиско и здравствено осигурување. Според агенцијата, компанијата има воспоставено целосен систем за управување и селективно превземање на ризици, којшто, според нивните очекувања, во иднина уште повеќе ќе се подобрува. А.М.Best ја зголеми бонитетната оценка на матичното друштво исто така и како резултат на цврстата капитализација на Заваровалница Триглав, прилагодена на ризици. Се очекува Заваровалница Триглав да продолжи со внимателното управување со капиталот и одредената политика за дивиденди, кои што ќе придонесат кон зацртаната адекватност на капиталот на Групацијата Триглав.

Дополнително, агенцијата за кредитен рејтинг ги подобри рејтингот за финансиска моќ и долгорочниот кредитен рејтинг на компанијата ќерка, Позаваровалницата Триглав РЕ, д.д. на А и на а соодветно, со што ја потврди нејзината клучна улога како реосигурувач на сите друштва од Групацијата Триглав. Овие рејтинзи, исто така, имаат стабилна среднорочна прогноза.