Групацијата Триглав со повисока премија и со поголема добивка

16

triglav

Групацијата Триглав, водечката осигурителна и финансиска групација во Словенија и во Адриа регионот, и покрај отежнатите прилики на пазарот на осигурување, успешно работеше во првите девет месеци од оваа година, се вели во соопштението на компанијата.

Во споредба со минатата година остварен е пораст од 4% на бруто полисираната премија од осигурување, што изнесува 718,3 милиони евра. Тоа е резултат на реализација на зацртаната стратегија, којашто вклучува развој на работењето во сегментот на пензиските и здравствените осигурувања и јакнење на положбата во Адриа регионот. Групацијата Триглав, која и во 2015 година се фокусираше на основната дејност – осигурување, првите девет месеци од оваа година ги заврши со добивка пред оданочување од 94,9 милиони евра, што е за 6% повеќе од истиот период минатата година. Подобрен е и комбинираниот количник, кој изнесува 91,7%.

Триглав Осигурување Скопје, како дел од Групацијата Триглав, заклучно со третиот квартал од 2015 година, обезбеди бруто полисирана премија од 1.021.366.071 денари, што претставува раст од 14,4%, споредено со истиот период минатата година.

Во Словенија Заваровалница Триглав во однос на првите девет месеци од минатата година обезбеди приближно иста бруто полисирана премијата од осигурување (463,2 милиони евра). Премијата на Триглав Здравствена Заваровалница е повисока за 1%. Во останатите пет држави од Адриа регионот, во кои работи Групацијата Триглав, сите зависни осигурителни друштва ја зголемија премијата во споредба со истиот период лани. Најголем пораст на премијата од осигурување и тоа од 30% е реализиран на српскиот пазар, додека пак во Македонија премијата е повисока за 14,4%, во Црна Гора за 9% и во Хрватска за 7%. На пазарот на Босна и Херцеговина, сараевското осигурително друштво оствари раст на премијата од 9%, а друштвото од Бања Лука за 8%.

Групацијата Триглав и матичното друштво го подобрија комбинираниот количник, што укажува на успешност на работењето во основната дејност. На крајот од првите девет месеци од 2015 година количникот на Групацијата изнесува 91,7%, што е за 3,7 процентни поени подобро од истиот период лани, додека коефициентот на Заваровалница Триглав изнесува  85,7% (што е подобро за 8,6 процентни поени).

Во споредба со истиот период минатата, Групацијата Триглав оваа година забележа за 1% пониски  бруто износи на штети (435,1 милиони евра), а матичното друштво 4% пониски (283,5 милиони евра). Оваа година не се забележани поголеми штетни настани. На деловните резултати на Групацијата значајно влијаат приносите од финанси вложувања. Тие, поради порастот на општото ниво на каматните стапки и поради падот на цената на должничките хартии од вредност, споредено со истиот период лани, се пониски за 28%.

Групацијата Триглав третото тромесечје го заврши со нето добивка во висина од 80,9 милиони евра, што е за 5% повеќе од лани. Добивката пред оданочување, во висина од 94,9 милиони евра, во споредба со изминатата година е повисока за 6%. Нето добивката на Заваровалница Триглав изнесува 53,8 милиони евра (4% помалку од минатата година), додека добивката пред оданочување остана на минатогодишното ниво (65,9 милиони евра).

Групацијата Триглав и оваа година останува финансиски цврста и стабилна, што се потврдува со оценката на бонитетот »A-» на бонитетните агенции Standard & Poor’s и A.M. Best, со позитивна среднорочна прогноза. Бруто техничките резерви во вредност од 2.606,8 милиони евра и вкупната вредност на капиталот во висина од 690,0 милиони евра се показатели и цврст основ за урамнотежено работење и за обезбедување на долгорочна сигурност на осигурениците.

Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: “Резултатите од работење во првите девет месеци од 2015 г. на Групацијата Триглав, која ја сочинуваат скоро 5.400 вработени на седум пазари, се потврда за успешното спроведување на целите и покрај сложените прилики на пазарите на коишто работиме. Економските прилики во повеќето држави во коишто работиме се подобруваат, но умерено и постепено. Во осигурителната дејност тоа ќе се одрази со одредено временско задоцнување. Освен тоа, мораме да ја земеме во предвид и специфичноста на секој од овие пазари. На пример, во Хрватска, сè уште е силно влијанието на минатогодишната либерализација на пазарот на осигурување од автомобилска одговорност, каде дојде до намалување на цените. На пазарите на капитал не очекуваме толку извонредни приноси од инвестиции како минатата година. Во осигурителната дејност, којашто е столб на работењето на Групацијата Триглав, продолжуваме со активен настап на пазарот, со јакнење на ефикасноста на продажната мрежа и со обликување на услугите според потребите на осигурениците. Таков пример е деловниот модел, којшто здружува осигурителен производ со возачките навики на корисникот на мобилна апликација, како иновативно телематско решение. Таква понуда во Триглав, како први во Словенија и во Адриа регионот, развивме и понудивме оваа година.”

Триглав Осигурување Скопје, заклучно со третиот квартал во 2015 г. обезбеди бруто полисирана премија од 1.021.366.071 денари, што претставува раст од 14,4%, споредено со истиот период минатата година, со што повторно го подобри уделот на пазарот на неживотно осигурување, којшто сега изнесува 18,16%. Лидерската позиција во полисирана премија и исплатени штети, како и позитивниот тренд на реализираниот комбиниран количник, којшто укажува на одличниот перформанс во основната дејност, според Извршниот директор, г-ѓа Сања Танчевска, се најрелевантни индикатори за финансиската стабилност, сигурноста и интегритетот со којшто компанијата работи.

Во истражувањето за Best Buy Award МИЛЕНИУМЦИ Македонија 2015/2016, најголем дел млади на возраст од 15 до 35 години, наведоа дека Триглав Осигурување е осигурителната компанија која на македонскиот пазар нуди услуги со извонреден квалитет, по одлични цени. Според Сања Танчевска, „Best Buy Award медалот за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, QUDAL- QUality meDAL медалот за најдобар квалитет, којшто компанијата го доби минатата година, како и рангирањето на компанијата на листата на најдобрите 100 осигурителни компании во Југоисточна Европа, SEE TOP 100 Insurers 2015, со највисока позиција од сите македонски осигурители, се потврда за квалитетот што Триглав го нуди, а што јавноста го препознава, како и показатели на довербата и задоволството на клиентите на Триглав.

“Особено нè радува фактот што Best Buy Award доаѓа токму од генерацијата Y или Millennials. Тоа значи дека сме успеале да допреме до генерацијата која ги поставува трендовите и е носител на иднината. Генерација, која умее да препознае искрен однос и добар квалитет. Сето ова дава уште поголема вредност на оценката што тие ја доделуваат, а тоа и за нас е причина повеќе да се радуваме на нивното признание. Сигурна сум дека ќе продолжиме и понатаму да ја оправдуваме довербата што толку голем број клиенти ни ја дава, обезбедувајќи ја нивната сигурна иднина“, заклучи Танчевска.