ГТЦ на крајот на септември прокнижи 14,3 милиони денари добивка

25

Градски трговски центар (ГТЦ) во текот на деветте месеци од оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 14.332.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата евидентираше добивка од 19.824.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа 160.669.000 денари. Во периодот  јануари – септември лани, вкупните приходи од продажба изнесуваа 149.682.000 денари.

Инаку, основна дејност на ГТЦ е стопанисување со деловен простор во еден системски и функционално поврзан деловен објект во центарот на градот.

Фото: Pixabay