ГТЦ со добивка од 10,9 милиони денари за три месеци

33

gtc

Акционерското друштво Градски трговски центар евидентираше добивка од 10.940.000 денари во период од први јануари до 31-ви март оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период претходната година, ГТЦ работеше со загуба од 2.922.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2015 година се на ниво од 56.172.000 денари, додека во истиот период лани тие беа во вредност од 56.060.000 денари.