Акционерското друштво Градски трговски центар оствари нето добивка во висина од 2.158.000 денари во 2014 година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Во истиот период претходната година, компанијата оствари нето добивка во вредност од 1.932.000 денари.
Вкупните оперативни приходи на ГТЦ во 2014 година беа 224.191.000 денари, од кои на приходи од продажба отпаѓаат 215.045.000 денари.