Гугл казнет со 98,4 милиони долари

Московскиот суд ја казни американската компанија Гугл со 7,2 милијарди рубљи (98,4 милиони долари) поради системско неотстранување на забранети информации.

Судот во Москва во петокот го казни Гугл со речиси 100 милиони долари поради пропустот да ја избрише содржината забранета со локалниот закон, казна што ги одразува напорите на Русија да го зголеми притисокот врз големите технолошки компании.

Окружниот суд Тагански пресуди дека Гугл постојано го занемарувал отстранувањето на забранетата содржина и и наредил на компанијата да плати административна казна од околу 7,2 милијарди рубљи, што е околу 98,4 милиони американски долари.

Гугл соопшти дека ќе ги прегледа судските документи и потоа ќе одлучи за следните чекори, пренесува Асошиејтед прес.