H&M ќе подели 1.000 откази во Шпанија

32

Шведскиот моден бренд H&M планира да скрати над 1.000 работни места во Шпанија, најави работничкиот синдикат во земјата.

Како причина за отказите се наведуваат последиците што со себе ги носи пандемијата.

Според синдикатот, модниот бренд најверојатно “ќе почне со прогласување технолошки вишок што ќе зафати повеќе од 1.000 луѓе и ќе биде наложено затворање на околу 30 продавници“.

Профитот на H&M минатата година се намали поради пандемијата, а компанијата стави клуч на врата на 350 од 5.000 продавници низ светот, додека во исто време отвори 100 нови продавници.

Фото: Facebook