Хакер: Далечински можам да контролирам 25 електрични автомобили Tesla

107

19-годишен експерт за безбедност тврди дека успеал од далечина да упадне во компјутерите на повеќе од 25 автомобили на Tesla Inc. во 13 земји, споделувајќи низ низа пораки на Twitter дека открил софтверски пропуст во системите на лидерот кај електричните автомобили, пренесе „Блумберг“.

Дејвид Коломбо, самоидентификуван ИТ специјалист, напиша дека софтверскиот пропуст му дозволува да ги отклучува вратите и прозорците, да ги напојува автомобилите и да ги оневозможи нивните безбедносни системи.

„Сега можам од далечина да командувам со повеќе од 25 електрични автомобили Tesla без знаење на сопствениците“, напиша Коломбо на Twitter.

Тој исто така тврди дека може да открие дали возачкото седиште е зафатено во електричниот автомобил, да го вклучи стереото и да ги вклучи светлата.

Тинејџерот не откри детали за ранливоста на софтверот, но рече дека тоа не е во софтверот или инфраструктурата на Tesla, додавајќи дека само мал број сопственици на електрични автомобили Tesla биле погодени ширум светот.

Неговите признанија предизвикаа силен одзив кај корисниците на социјалната платформа.

Според претходни информации, Tesla има софтвер за откривање грешки во архитектурата што им овозможува на безбедносните експерти да ги регистрираат своите возила за тестирање. Компанијата плаќа до 15.000 долари за откривање такви дефекти.