Хакери со најголемо барање за откуп во историјата

86

Сајбер криминалци ги нападнале компјутерите што ги користеле вработените во технолошката компанија Acer, барајќи откуп од дури 100 милиони долари, со цел да ги дешифрираат уредите и да ги вратат сите податоци, пренесува Forbes.

Неофицијално, доколку Acer се согласи да го плати откупот веднаш, хакерите ќе бидат задоволни со 50 милиони долари или половина од првично побараната сума.

Компанијата не даде официјална изјава за да го потврди нападот, но се наведува дека тие пријавиле “необична ситуација“ кај властите.

Ако Acer се согласи да ги плати овие 50 милиони долари, тоа ќе биде највисокиот откуп за компјутерски криминал досега, а претходниот неславен рекорд го “држи“ компанијата Dairy Farm, на која и беа побарани дури 30 милиони долари.

Фото: Pixabay