Хакирани документи за вакцината на Pfizer и BioNTech

66

Европската агенција за лекови, којашто во овој момент го разгледува одобрувањето на неколку вакцини против ковид-19, навела дека била цел на хакерски напад.

Во текот на овој напад, хакирани се документи поврзани со барањето за одобрение на вакцината на Pfizer и BioNTech.

“Важно е да се напомене дека ниту системот на BioNTech ниту на Pfizer не се оштетени во текот на инцидентот, но не знаеме кои лични податоци се хакирани“, се наведува во соопштението на Pfizer.

Оттаму наведуваат дека чекаат повеќе информации околу истрагата на Европската агенција за лекови, па ќе реагираат согласно европската правна регулатива.

Фото: Facebook