Халк Банка доби одобрение за емисија на 123.000 обични акции

383

Халк Банка АД Скопје доби одобрение да ја издаде осумнаесетта емисија од 123.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција, соопштува Комисијата за хартии од вредност.

Вкупната вредност на емисијата, којашто изнесува 1.230.000.000 денари во целост ќе биде уплатена како паричен влог од страна на постојниот акционер Халк банка А.Ш. Турција (Türkiye Halk Bankasi Anonim Şirketi), со седиште во Истанбул, Турција, како институционален инвеститор.

Согласно Одлуката, Банката издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.