Halkbank со нова филијала во Општина Илинден

79

97901f19-9e97-4379-9b27-c3823eafbd76Вчера во населбата Илинден свечено беше отворена нова филијала на Halkbank, во присуство на главниот извршен директор на банката, Неџдет Палакчи и градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски.

Како што велат од банката на правните и физички лица од оваа општина ќе им бидат на располагање сите производи и услуги на банката како штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, трансакциски сметки, менувачко работење, Western Union трансфер на пари, VISA, MasterCard и Maestro платежни картички, електронско банкарство  и друго.

“Среќен сум што денес официјално отвораме уште една филијала, со што се проширува семејството на Halkbank. Верувам дека отворањето на филијалата ќе придонесе за уште поголем развој на оваа општина, која се наоѓа на стратешки одлична позиција и е во постојан раст”, изјави Палакчи.

Заедно со оваа филијала, дистрибутивната мрежа на банката сега брои вкупно 28 филијали и експозитури во 12 градови низ државата.