Халкбанк утре почнува со исплата на мајската пензија

34

Халкбанк утре ќе почне со етапна исплата на мајската пензија за пензионерите кои добиваат пензија преку Банката. Утре (среда), своите пензии ќе ги добијат сите оние кои користат платежна картичка и истите ќе може средствата слободно да ги користат при пазарење, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

  • До 11.000 денари                       27.5.2020 г. (среда)
  • 11.001-14.000 денари                 28.5.2020 г. (четврток)
  • 14.001-18.000 денари                 29.5.2020 г. (петок)
  • Над 18.001 денари                      01.6.2020 г. (понеделник)

Од Банката упатуваат апел до пензионерите, во нивен интерес и за поголема заштита, користењето на мајската пензија да ја извршат преку платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба од готовина, како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.

Истовремено, на шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на истата на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, а ќе бидат ангажирани и лица за одржување на редот, со цел зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција од 08:30 до 15:30 часот.