Халкбанк воведе нова дебитна бесконтактна картичка за физички лица

98

halkbanka-karticka

Халкбанк воведе нова дебитна бесконтактна картичка Mastercard Debit Contactless наменета за физички лица.

Mastercard Debit Contactless е бесконтактна дебитна картичка издадена од Халкбанк со можност за брзо и лесно бесконтактно плаќање, којашто е поврзана со трансакциската сметка на корисникот и е наменета за вршење на трансакции на ПОС, интернет и АТМ.

Примателите на плата во Халкбанк имаат дополнителна привилегија, т.е. можност за подигање на готовина на сите банкомати во Македонија без надомест.

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (750 денари) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот којшто прифаќа бесконтактни картички.

Бесконтактни трансакции може да се извршуваат на местата каде што го има логото за бесконтактно плаќање.