Халкбанк воведува нова Mastercard World картичка за физички лица

66

halkbank

Халкбанк АД Скопје воведе нова картичка Mastercard World наменета за физички лица, стои во соопштението.

Кредитната картичка Mastercard World е втората бесконтактна кредитна картичка, којашто Халкбанк им ја нуди на своите клиенти и овозможува бесконтактно плаќање на брз и едноставен начин.

Со самото врачување на картичката, клиентот станува дел од Mastercard Platinum клубот – LoungeKey програмата со којашто добива многу привилегии.

За користење на услугите во клубот доволно е сопственикот на картичката само да ја покаже Mastercard World картичката со бординг карта и пасош со можност заедно со уште еден гостин по негов избор да ужива во привилегиите во VIP ложите на 800 аеродроми низ целиот свет.