Холандија: Автобуска станица што сама генерира енергија

29

Во градот Тилбург, Холандија поставена е автобуска станица што самата ја обезбедува потребната енергија благодарение на сончеви панели. Зад дизајнот, којшто вклучува настрешница со површина од 250 метри квадратни, обложена со сончеви панели, стои холандската фирма Сepezed.

Панелите обезбедуваат доволно енергија за осветлувањето, знаците со дигитални информации, кантината за персоналот и слично. Автобуската станица се протега на должината од 160 метри и има шест места за качување и едно за симнување, пишува Designboom. Горниот дел на настрешницата практично сам се чисти, така што речиси не е потребна интервенција.

Во дизајнот меѓу другото, е вклучен систем за дренажа, S.O.S.копче, сензори за движење на секои 14 метри коишто детектираат движење на автобусите и луѓето.

Автобуската станица е прилагодена и за луѓе кои користат инвалидски колички, а на посебни места има испишано и знаци со браилово писмо за оние со оштетен вид.

Фото Сepezed