Холандија: Легализирањето на онлајн коцкањето донесе речиси милијарда евра во државната каса

Легализацијата на онлајн коцкањето во Холандија ги удвои приходите од коцкање на државата на речиси една милијарда евра, според извештајот на Централната статистика на Холандија (CBS). Како што објави NL Times, од есента 2021 година, Холанѓаните можат да се коцкаат онлајн на лиценцирани онлајн казино сајтови, што доведе до исклучителен раст на овој пазар.

Холандската управа за игри објави дека секој дваесетти жител на земјата се коцкал онлајн на една од легалните сајтови минатата година. Истовремено, Холандија го зголеми данокот на коцкање, така што приходите се зголемија на 900 милиони евра во 2022 година.