Холандија: Семафори за невнимателни корисници на телефони

55

semafor1

Холандската општина Бодегравен – Рејвек тестира нов вид на семафори што ќе ги предупредуваат невнимателните корисници на телефони кога преминуваат улица, пишува Guardian. Проектот наречен “+ Light Line е спроведен од страна на холандската компанија HIG Traffic Systems.

Пешачките премини каде има семафори се опремени со дополнителни LED ленти на тротоарот. Овие ленти ќе послужат како дополнителен семафор што ќе ја менува бојата (црвено, жолто, зелено), бидејќи погледот на пешаците кои користат мобилен телефон е насочен надоле.

Кис Оскам советник во општината вели дека луѓето сè повеќе се расеани со социјалните медиуми, игри и музика не обрнувајќи внимание на сообраќајот.

“Ние не можеме лесно да го смениме овој тренд, но можеме да учествуваме“, вели тој.

LED лентите се поставени на една раскрсница во близина на неколку училишта, а доколку проектот се покаже како успешен вакви ленти ќе бидат поставени и на други локации.