Холандската амбасада ги поддржува инвестициите во Жабени

17

Холандска делегација предводена од заменик амбасадорот Петар Вернхаен оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, на која се разговарало за инвестиции во пелагонискиот регион.
Заменик амбасадорот Вернхаен посочи дека амбасадата на Холандија директно ќе го поддржи процесот на привлекување на инвестиции во овој регион.
“И понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме инвестициските активности кои се одвиваат во овој регион, како и да привлекуваме наши домашни холандски инвеститори како што беше со инвеститорите во Битолската млекарница. Како амбасада запознаени сме со легислатива и поволната бизнис клима во Македонија и се залагаме за транспарентно работење со што ќе им се олесни работата на инвеститорите. Очекуваме во следниот период да ја интензивираме нашата соработка”, рече Вернхаен.
Вернхаен истакна и дека холандската амбасада ќе продолжи и со реализација на проекти посветени од сферата на трансфер на знаења и посебно извоз на земјоделски производи.
“На холаднските инвеститори им ја нудиме целосно подготвената индустриска зона Жабени и условите за влез во неа, и верувам дека по оваа средба ќе имаме и конкретни компании кои ќе сакаат да инвестираат во Битола. Ние, како општина, ќе продолжиме со изработка на проекти кои уште повеќе ќе ја олеснуваат постапкаката и ќе ги мотивираат странските компании да инвестираат во Жабени”, рече градоначалникот Талевски.