Поради загриженоста за војната меѓу Русија и Украина, Холандската банкарска асоцијација (НВБ) препорача „итни парични резерви“ да се складираат дома.
– Поради зголемените геополитички закани, холандските банки ќе ги советуваат потрошувачите да чуваат готовина дома – рече портпаролот на НВБ.
Уште во октомври, централната банка на Холандија препорача да се чува готовина при рака во случај на сајбер напад.
Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс од конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија неодамна изјави дека Холандија мора да се подготви за сите можни воени сценарија поради руската закана и препорача секогаш да ce има пари дома .
– Не живееме во војна, но не сме ниту во мир – рече Брекелманс.
Во Германија, германската банкарска групација Volksbanken и Raiffeisenbankenverband изгледаат опуштено. Преку нивниот портпарол, тие им рекоа на своите штедачи:
– Снабдувањето со готовина во Германија е стабилно и доверливо. Германските банки и штедилниците не гледаат потреба да чуваат големи количини готовина дома.