Холандската Симфони Солушнс почна со работа во Македонија

44

IT

Холандската ИТ компанија за висококвалитетни софтверски решенија Симфони Солушнс од вчера и официјално започна со работа во Македонија. Засега вработува триесетина ИТ експерти, а до крајот на следната година се планирани околу 200 вработувања.

“Многу бев изненаден од големиот број висококвалификувани студенти и искусни професионалци во ИТ секторот. Македонија сè уште е неизбрусен дијамант во однос на ИТ секторот којшто е многу важен за инвестирање и за развој на една држава, а тоа ќе значи голем бум за Македонија”, изјави сопственикот на холандската ИТ компанија, Тео Шифник.

Компанијата има свои развојни центри во Украина и Полска, а сега и во Македонија. Нејзините главни клиенти доаѓаат од западноевропските земји, САД и Канада, јавува Миа.