Honda e – електрично возило со камери наместо ретровизори

22

Фото: Pixabay

Honda e, претставува компактно електрично возило што ќе се појави на пазарот следната пролет, ќе има камери наместо странични ретровизори, пишува TechCrunch.

Системот официјално се нарекува Side camera mirror system, а се однесува на камери што се поставуваат на место на класичните странични ретровизори. Сликата на возачот ќе се репродуцира на шест инчни екрани во кабината на возачот.

Според производителот, нивната употреба ќе ја зголеми безбедноста и економичноста на возилата.

Камерите се поаеродинамични од класичните странични ретровизори, а бидејќи се помали од стандардните стакла, возилото ќе може со леснотија да поминува низ потесни премини.