Хотели ќе примаат само вакцинирани гости

41

Синџирот хотели Allsun од Германија во иднина од гостите ќе бараат да бидат вакцинирани против коронавирус.

Новата политика за сите 35 хотели на синџирот Allsun, лоцирани на шпанскиот остров Мајорка, Канарските острови и во Грција, на сила ќе стапи најверојатно од 31-ви октомври, во зависност од тоа како ќе напредува вакцинацијата во Германија.

Овој хотел ќе биде меѓу првите што воведува вакво правило во време кога владите и туристичките организации размислуваат како да го застанат туристичкиот сектор на нозе, додека се намалува бројот на заразени и расте бројот на вакцинирани.

“Сакаме на сите наши гости да им пружиме највисока безбедност за да може да уживаат во одморот“, вели Вили Верхувен, сопственик на Alltours.

Додека не стапи на сила оваа одлука, хотелите на Allsun од своите гости ќе бараат негативен тест на коронавирусот, не постар од 48 часа.

Фото: Pexels