Хотели Метропол АД Охрид откупи 560 сопствени акции

Хотели Метропол АД Охрид ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза за реализиран нов откуп на сопствени акции.

Согласно Одлуката Бр.02-167/10 за стекнување сопствени акции со откуп донесена на Собрание на акционери на ден 19.05.2026 година, ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД ОХРИД на ден 08.10.2026 година преку трговска трансакција на  Македонска Берза  АД Скопје изврши откуп на 560  сопствени акции.

По извршениот откуп Друштвото поседува вкупно 16.499 сопствени акции, што претставува 1,59 %  од основната главнина.