Хотели Метропол проектира раст од 7% на добивката во 2015 година

28

hotel-metropol

Хотели Метропол во Бизнис планот за оваа година, проектира раст од 7% на добивката од работењето.

Бизнис планот на Хотели Метропол АД Охрид за 2015 година претставува проекција, резултат на повеќе макро и микроеконоски фактори, проценка и анализа на надворените и внатрешни економски состојби, можности за тековното унапредување на работењето, освојување на нови пазари, политиките на управување со ризици, зголемената ефикасност на сопствените ресурси и сл.

Според досегашната динамика на резервација на слободните капацитети, се очекува раст на работењето на Хотели Метропол АД Охрид за наредната година, така што во проектираниот биланс на успех за 2015 година оперативните приходи бележат пораст од 10%. Оперативните расходи се предвидува да растат со помала стапка од стапката на раст на вкупните приходи, за 3 индексни поени.

Расходите за суровини и материјали и расходите за вработени учествуваат со над 70% од вкупно реализираните расходи. Релативно стабилното позиционирање на овие ставки во расходната страна на работењето на друштвото ќе биде променето само под услов од евентуални драстични промени во цените или флуктуациите во реализираните ноќевања. Тенденција на работењето на друштвото е да се намалат сите варијабилни трошоци но се разбира не на сметка на квалитетот кој одговара на ваков вид на објекти и капацитети.