Хотели Метропол прокнижи загуба од 2,1 милиони денари во првите шест месеци

20

metropol-hotel-ohrid

Хотели Метропол првото полугодие од оваа година го заврши со загуба од 2.139.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, загубата на компанијата беше на ниво од 9.487.000 денари.

“Приходите од работењето на Хотели Метропол од Охрид за периодот јануари – јуни 2017 година изнесуваат 56.066.000 денари и покажуваат зголемување од 29% во однос на приходите за овој период 2016 година. Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 55.445.000 денари. Останатите приходи во износ од 621.000 денари бележат пораст во однос на минатата година“, стои во Образложението за постигнатите резултати.

Хотели Метропол е компанија што се занимава со туризам и угостителство. Располага со три хотели со класа 4 ѕвезди сместени во крајбрежјето на Охридското езеро: Хотел Метропол- капацитет од 110 соби, шест апартмани, Хотел Турист- хотел со три ѕвезди, 88 соби, Хотел Белви – со четири ѕвезди, 170 соби, четири апартмани. Хотелите се опремени со конференциски сали, ресторан и бар, спортско рекреативни центри, и спа центри.