Хотели Метропол за девет месеци прокнижи 24,8 милиони денари добивка

2

metropol-hotel-ohrid

Хотели Метропол од Охрид во период од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 24.875.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 36.450.000 денари.

“Во периодот од 01.01.2016 до 30.09.2016 година, хотели Метропол од Охрид во своето работење бележи намален број на ноќевања од 13,47% во однос на истиот период од 2015 година или остварени 57.364 ноќевања. Остварениот вкупен приход од 119.259.000 денари е за 11,74% помал во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 135.129.000 денари. Вкупните расходи во износ од 94.384.000 денари се намалени за 4,35% во однос на расходите во истиот период од минатата година кога беа во износ од 98.679.000 денари“, стои во Образложението за остварените резултати.

Компанијата се занимава со туризам и угостителство. Располага со три хотели со класа четири ѕвезди сместени на крајбрежјето на Охридското езеро: Метропол, Турист и Белви.