Хотелскиот гиганг Hilton го лансираше новиот бренд Curio

21

curio las vegas

Светски познатиот хотелски синџир Hilton го претстави новиот бренд Curio, дел од хотелите со четири и пет ѕвездички, пишува USA Today.

Curio e хотел што е создаден за патници кои уживаат во откривање на локалните убавини, а во исто време ќе уживаат во комфортот што го гарантираат четирите или пет ѕвездички.

“Нашите клиенти изразија силен интерес за соработка со нашиот бренд, кој вклучува хотели кои можат да го задржат својот уникатен идентитет, но носи и низа придобивки за нашиот систем, меѓу кои е и Hilton Honors програмата за лојални гости“, вели Кристофер Насет, претседател на Hilton Worldwide.

Досега Hilton покажа интерес за соработка со пет хотели, со цел да се приклучат кон таканаречената колекција на хотели: SLS Las Vegas Hotel and Casino, што наскоро треба да се отвори, Sam Houston Hotel од Хјустон, Hotel Alex Johnson во Рапид Сити, Franklin Hotel во Чапел Хил и уште еден нов хотел што ќе биде отворен во центарот на Портланд.

Голем број на големи хотелски брендови имаат тесна соработка со хотелите во кои го отсликуваат сопствениот идентитет, како и отворање на можност за искористување на ресурсите.

И светскиот хотелски гигант Marriot International најави дека ќе додаде повеќе од 200 луксузни хотелите во следните неколку години, што ќе значи инвестирање на повеќе од 15 милијарди долари.

Marriot International поседува 449 луксузни хотели преку присоединети осум светски брендови.