Храна што најдобро стоплува во зимските денови

74

Во ладните зимски денови нема ништо подобредојдено од топол напиток и храна што ќе ве загрее. Кога температурите паѓаат и под нула, а концентрацијата треба да се задржи во текот на работниот ден, еве што треба да консумирате.

Ѓумбир

Не само што е здрава намирница, ѓумбирот го загрева нашиот организам, го забрзува метаболизмот и протокот на крв. Чај од ѓумбир е одличен за будење и раздвижување кога ви е ладно.

Сладок компир

Слаткиот компир заедно со останатите коренести зеленчуци се варат подолго време и на тој начин обезбедуваат енергија, што резултира со топлина во телото. Покрај тоа, содржат витамини A и Ц и калиум, а добри се и за видот.

Овесна каша

За да се загреете уште наутро започнете го денот со овесна каша или сличен тип на појадок што вклучува житна состојка. Влакната коишто ги содржи овесот и останатите житарки ги подобруваат нивоата на холестерол и ве држат сити.

Сусам

Сусамот е богат со железо и калциум што ги зајакнува коските и мускулите. Можете да го додадете во одредено јадење или да направите слатки топчиња од сусам.

Суво овошје

Сувото овошје како бадеми, суво грозје, смокви, фстаци, индиски ореви, исто така, одлично го загреваат организмот во зима, а освен тоа помагаат при анемија и останати болести поврзани со недостаток на витамини.

Јајца

Не само што се хранливи и одлични за почеток на денот, поради богатството со протеини и витамини, јајцата помагаат и при инфекции што се случуваат во зима. Нема за згрешите ако се обидете да се загреете со оваа намирница.

Фото: Pixabay