Хрватска: Банките и телеоператорите подготвени на отпис на долгови на најзагрозените

9

kuni

Претставниците на банките и на телеоператорите во Хрватска, вчера на состанок со владини претставници изразиле подготвеност на отпис на долгови на најзагрозените граѓани – корисници на социјална помош и пензионери со најниски пензии, чиј долг не е повисок од 1.300 евра, пишува хрватски Лидер.

Се работи за доброволен договор. Хрватската влада планира покрај банките и телеоператорите, вакви договори да се потпишат со Хрватско електростопанство, Хрватска радио-телевизија и др. Според овие договори, доверителите доброволно би отпишале долг до 1.300 евра на граѓани кои се блокирани по една година, за што државата ќе им достави потврди дека се работи за луѓе кои задоволуваат одредени критериуми.