Хрватска доби дозвола да кова евра

91
Хрватска официјално доби дозвола да започне со производство на монети од евра. Потпишан е Меморандум за разбирање во Брдо кај Крањ, Словенија, помеѓу Хрватска, Европската комисија и земјите -членки на еврозоната. Поточно, меѓу гувернерот на ХНБ Борис Вујчиќ, извршниот потпретседател на Комисијата Валдис Домбровскис, еврокомесарот Паоло Џентилони и претседателот на Еврогрупата Паскал Донохое.
Џентилони го опиша потпишувањето на меморандумот како важен симболичен чекор за влез на Хрватска во еврото, што се очекува да се случи на 1 јануари 2023 година.
Меморандумот за разбирање законски ги опфаќа сите елементи на производство на специјални хрватски монети и евроценти. Имено, секоја земја -членка на еврозоната има опција да стави национален мотив на едната страна од монетите од еврото.
По јавната расправа, хрватската влада на крајот на јули објави дека шаховската табла ќе биде основа за секого, и дека монетата од две евра ќе ја има картата на Хрватска, монетата од едно евро, животното – куна, ликот на Никола Тесла на монети од 50, 20 и 10 центи и глаголица на монети од 5, 2 и 1 цент.