Хрватска добива корона редари – што ќе работат и кога тргаат во акција

28

Во Хрватска освен тоа што на кафеаните и рестораните им е забрането да работат по полноќ, а сите гости мора да носат маски, една од новините во справување со ковид кризата се и корона-редарите.

Тие треба да ги обезбедуваат угостителските објекти, еден на секои 50 гости.

“Корона-редарите се една од мерките, тие се лица назначени од сопствениците на објектот и нивната цел е да ги спроведат мерките на ХЗЈЗ. Сопствениците на угостителски објекти се должни од денеска да назначуваат корона-редари”, изјави помошник министерот за внатрешни работи, Дамир Трут за телевизијата RTL.

На прашањето за моменталната состојба со кршење на мерките, Трут изјавил дека биле идентификувани 16 прекршувања на мерките при 256 инспекции.

“Станува збор за непочитување на просторот и неносење или неправилно носење маски. Издадени се само усмени предупредувања“, реколТрут, додавајќи дека сите оние кои ги прекршуваат мерките на ХЗЈЗ може да бидат казнети, а има и казна за неносење маска.Сопственикот на објектот е должен да обезбеди спроведување на мерките во неговиот објект, тој мора да осигури дека гостите носат маски. Ако тие одбијат, односно ако не го сторат тоа, казната ќе ја плати сопственикот на објектот. Постојат казни и тие се пропишани со закон“, додаде Трут.

Трут вели дека целта не е да се казнат, туку да се охрабрат граѓаните да постапуваат во согласност со препораките.

Фото: Pixabay