Хрватска добива помош од ЕУ ковид – фондот, Rimac ќе добие 200 милиони евра

98

Започнува исплатата на 48 милијарди куни (близу 6,4 милијарди евра) помош за Хрватска, а првите милијарди и пол куни од ковид фондот на ЕУ ќе одат во компанијата Rimac, пишува Јутарњи лист.

Првите 6,1 милијарди куни (819 милиони евра) од Механизмот за обновување и издржливост на Европската унија на сметка на хрватскиот државен буџет ќе бидат на крајот на овој месец или почетокот на октомври, а државата ќе ја подели оваа огромна сума на пет големи проекти.

Како што дознава Јутарњи лист, меѓу првите кои ќе добијат пари е проект Истражување, развој и производство на нови возила за мобилност и инфраструктура за поддршка“ врз основа на кој на Мате Римац му беа одобрени речиси 1,5 милијарди куни (околу 200 милиони евра). Според Националниот план за опоравување и отпорност, проектот треба да се развие до март 2026 година. Rimac планира да развие нов екосистем за урбана мобилност интегриран со јавниот превоз во Загреб, преку развивање на автономно електрично возило.

Вкупната инвестиција се проценува на повеќе од 3,4 милијарди куни (околу 450 милиони евра), проектот во моментов е во фаза на развој на автономно возило, прототипот е завршен, a сериско производство на флота од 700 возила што би можеле да го заменат голем број такси возила и ќе бидат финансирани од компанијата, се планира од 2024 година. Развојот и изградбата на инфраструктурата се планира за следната година, и сè би било подготвено за тестирање во 2023 година. Се планира интеграција со мултимодалниот терминал во Загреб за 2024 година.