Хрватска: Фирмите во странска сопственост со најдобри плати

21

kuniВо третиот квартал од 2013 година, просечната нето плата во Хрватска изнесувала 708,3 евра, што е скоро идентично како и претходниот квартал.

Освен категоријата топ менаџмент, која има 123% повисока плата во однос на просекот, најплатени занимања се оние од областите технологија и развој (+75%) и телекомуникации (+46%). Најмали плати и понатаму имаат работниците во помошните занимања (-39%), текстилната и кожната индустрија (-34%). Разликата во висината на платите меѓу мажите и жените е 8%, јавува ХРТ.

Степенот на образование има големо влијание на висината на платата. Факултетски образованите имаат 49% повисока плата во однос на среднистите, додека оние со магистерска или докторат земаат 98% поголема плата во однос на оние со средно образование.

Најдобро плаќаат приватните фирми во странска сопственост, каде платите се 15% повисоки од просекот. По нив следуваат платите во државните фирми, кои се за 6% повисоки од просечната. Најниски плати имаат приватните фирми во претежно домашна сопственост, 7% пониски од просекот, а нешто подобро од нив поминуваат вработените во јавната и локалната самоуправа, со 3% пониски плати од просечните.

И понатаму најмногу заработуваат вработените во големите компании (+8%), додека во фирмите со помалку од 10 вработени, платите се 13% под просекот.