Хрватска ги ограничува цените на одредени производи

47

Владата на Хрватска донесе одлука за мерки за итна контрола на цените за одредени производи, вклучително и основни прехранбени производи, средства за хигиена, заштитна облека, медицински материјали и слично.

На списокот се вклучени брашно, млеко, млеко во прав, јајца, шеќер, сол, ориз, тестенини, свежо месо, риба, овошје и зеленчук, конзервирано месо, конзервирана храна, масло за јадење, храна за бебиња, пелени за бебиња, вода за пиење, детергент за алишта, детергент за миење садови, сапун.

Мерките се применуваат и на средства за дезинфекција на вода, простор и раце (вклучувајќи концентриран алкохол), заштитни комбинезони и друга заштитна и медицинска облека и обувки, очила и стакло, безбедносни ракавици, заштитни маски – хируршки, респиратори / транспортни вентилатори, лекови и медицински производи, како и постелнини и облека за здравствениот систем, се вели во соопштението.

Целта на таа одлука е да се спречат негативните ефекти од промените во индивидуалните цени на производите во околности на епидемија предизвикана од новиот коронавирус.

Највисока цена се смета цената што производите ја имаа на 30 јануари оваа година, кога Светската здравствена организација го прогласи Ковид-19 за јавно здравствена закана од меѓународно значење, се вели во соопштението.

Фото:Pixabay