Хрватска го добива првиот парфем од коприва

39

korpiva-pixabay

Фото: Pixabay

Хрватска го добива првиот парфем од коприва, што го носи името Urtica, пишува epodravina.hr.

“Процесот на создавање на парфемот од коприва, којшто го нарековме Urtica, траеше 14 месеци. Главните ноти на парфемот го чини копривата набрана на подрачјето на Копривница, невен, лист од љубичица, јасмин и бадем. Парфемот е изработен на база од 25% есенција, и преку својата примарна нота на коприва, дава свежина што му овозможува да биде ненаметлив. Наменет е за користење во летните месеци бидејќи со своите свежи ноти дава посебна ведрина, чувство на свежина и слобода во текот на летните денови“, вели Дејан Левачиќ, креатор на овој парфем.

Овој необичен парфем ќе биде претставен на Ренесансниот фестивал што се одржува во Копривница, од 24-ти до 27-ми август.