Хрватска гради луксузен крузер за дигитални номади

83

Американската компанија Storylines склучи договор со хрватското бродоградилиште Brodosplit за производство на 225-метарски луксузен крузер под името Narrative, пренесува Слободна Далмација.

Крузерот нема да биде наменет за масовни туристички активности, туку ќе има апартмани во сопственост на компании и поединци.

Американскиот брод првенствено е наменет за дигитални номади кои би сакале да живеат пловејќи околу светот. Цената на апартманите ќе се движи од 250.000 до над осум милиони евра. Во цената не се вклучени трошоците за пловидба, коишто најверојатно ќе изнесуваат десетина илјади евра годишно.

Луксузниот брод ќе биде направен по еколошки стандарди, ќе има 17 палуби, 627 апартмани, 45 барови, 20 ресторани, марина и јавна библиотека со над 10.000 книги. Во исто време може да прими до 1.000 патници.

Се очекува првата пловидба на бродот да биде во 2024 година.

Фото: Pexels