Хрватска инвестира 3,5 милијарди евра во железници

41

Хрватска инвестира 3,5 милијарди евра во железнички пруги во следните 10 години, пренесува Вечерњи лист.

Вкупната должина на мрежата на железничките пруги со коишто управува Хрватска железница инфраструктура изнесува 2.617 километри, а електрифицирани се 980 километри од мрежата. Во следните 10 години, како што се наведува, ситуацијата би требало значајно да се промени со помош на финансиски средства во ЕУ фондови.

Преку кофинансирање на ЕУ, во овој момент се реконструира постоечки и се гради нов колосек на делница од 36,4 километри, а тој проект е во висина од 196,9 милиони евра.

Властите во Хрватска, исто така, договорија набавка на 28 нови возови со максимална брзина од 120 километри на час.

Фото: Pexels