Хрватска ќе основа Банка за храна

25

hrana sto se frla

Во Хрватска по шест месеци е финализиран Предлог Правилникот за условите, критериумите и начинот на донирање храна и храна за животни со којшто треба да се обезбеди изградба на квалитетен систем за донирање на храна за сите поединци и семејства кои имаат потреба за тоа, пишува Данас.хр.

Основањето на Банка за храна сега зависи само од почитување на ветеното и воспоставените рокови според кои министерот за земјоделство би требало да го стави Правилникот на сила за еден ипол месец.

Зад оваа Банка на храна стои Иницијативата “Да ја ослободиме донираната храна од ДДВ“.

Меѓу новините што се усвоени на предлог на оваа Иницијатива се: да не се пресметува ДДВ на храна којашто е пред истек на рокот на траење; дефинирани услови според кои донираната храна мора да пристигне до засегнатите страни пред истекот на рокот на траење и основање на таканаречена Банка на храна, што ќе биде централно дистрибутивно тело задолжено за координирање на сите потреби и понуди за донации, како и за спречување на евентуални манипулации.