Хрватска компанија го презема бизнисот на Meggle во земјата

112

Германската корпорација Meggle и Фортенова група постигнаа договор за продолжување на работата на млекарницата во Хрватска по први јануари следната година, пишува Пословни дневник.

Производните погони на Meggle ќе ги преземе компанијата Belje plus. Иако нема официјална потврда за оваа информација, хрватскиот весник дознава дека се договараат последните детали околу договорот што за кратко би требало да биде потпишан.

Колку ќе вреди трансакцијата со којшто ќе биде преземен бизнисот на Meggle е деловна тајна, а според достапните податоци, Belje е заинтересиран да ја продолжи соработката со сите постоечки коорперанти на Meggle, а станува збор за 282 млекари и планира да го задржи најголемиот дел од вработените, односно 70% од постоечките 160.

На остатокот планирано е Meggle да им исплати отпремнина и плати до 31-ви декември. Синдикатот на вработените изразува задоволство бидејќи отпремнината е 25% над законската обврска.

Meggle ќе продолжи да работи во Србија и Босна и Херцеговина, каде што веќе има свои погони.

Инаку, германскиот производител на млеко и млечни производи на средината на јули оваа година ја донесе одлуката за гаснење на производството во Хрватска.

Од први април 2019-та година, компанијата Belje plus е дел од Фортенова група.

Фото: Facebook