Хрватска: Паметни сувенири што користат NFC технологија

61

Фото: Pexels

Серија сувенири Приказна за Хрватска (Story of Croatia) користат иновативна NFC (near field communication) технологија, коишто на туристите им нудат незаборавно патување низ историјата на земјата, пишува Lider.

Секој од сувенирите (машки, женски и детски маици, чанти, стаклени шишиња за вода, свилени кравати, магнети за фрижидери, шалови) имаат вграден NFC чип, којшто дава информации за мотивот, а е поврзан со Wikipedia или некоја друга интернет страница, за да може корисникот да добие дополнителни информации за мотивот што е на сувенирот.

На овој начин, класични сувенири стануваат алатка за дигитален маркетинг преку којшто купувачот може да дојде до сите информации преку својот паметен уред.