Хрватска: Пензиски фондови може да инвестираат во стартапи преку crowdfunding

24

Советот на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги донесе насоки со коишто се дефинира системот за собирање капитал, а преку којшто пензиските фондови ќе можат да инвестираат во хартии од вредност и удели на старт – ап компании коишто се финансираат преку crowdfunding платформи, пишува Bug.hr.

Инвестирањето во ваков вид на компании вклучува и одредени специфични ризици, посебно ризик од неликвидност, неисплата на добивка или ризик од целосно пропаѓање на инвестицијата, посебно кај старт – ап компаниите.

Според новите правила во оваа земја, пензиските фондови ќе може да вложуваат во ваков вид на компании, но инвестицијата не смее да надмине 0,2% од имотот на фондот.

Фото: Pexels