Хрватска: Туристичкиот промет над очекувањата

58

Во Хрватска 6,8 милиони туристи оствариле 47,5 милиони ноќевања во првите осум месеци од годинава, а тоа е 41% од минатогодишните резултати, соопштија од Министерството за туризам и спорт и Хрватскиот национален туристички одбор.

И покрај најлошото сценарио дека туристичкиот промет во Хрватска ќе падне за над 75% поради пандемијата од Ковид-19, водечките луѓе на хрватскиот туризам соопштија дека туризмот се покажа како еластична индустрија, така што е остварено околу 50% од минатогодишниот туристички промет, пренесуваат хрватските медиуми.

Презентирајќи ја состојбата на туризмот од почетокот на годината, хрватската министерка за туризам и спорт, Николина Брњац рече дека хрватскиот туристички сектор бил добро подготвен за вонредната состојба во која туризмот беше една од најпогодените индустрии.

Фото: Pixabay