Хрватска усвои индустриска стратегија – раст на извозот за 30% и 85.000 нови работни места

78

strategija

Хрватската влада вчера го прифати предлогот за индустриска стратегија 2014-2020 година, која во овој период предвидува просечна годишна стапка на раст од 2,85% и отворање на преку 85.000 нови работни места.

За овие шест години треба да се смени и структурата на извозот во корист на извоз на производи со висока додадена вредност. Со стратегијата се планира раст на извозот за 30%.

Индустриската стратегија дефинира четири клучни области на делување – создавање стабилно инвестициско опкружување, поттикнување на стратешка соработка на индустријата и образовниот систем, реструктуирање на јавната управа и администрација и развој на пазарниот капитал.

Како стратешки дејности во стратегијата се ставени производство на основни фармацевтски производи, производство на готови метални производи, производство на компјутери и електрични и оптички производи, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, компјутерско програмирање, советување и поврзување на дејности, производство на прехранбени производи и производство на мебел.