Хрватска во рецесија

38

Хрватската економија, во третиот квартал од оваа година, регистрираше пад 10% во споредба со истиот период лани. Падот е последица од намалената лична потрошувачка, но е помал во однос на претходниот квартал кога беше 15%, пренесува Seebiz.

Падот е помал од очекувањата на аналитичарите, бидејќи седум аналитичари кои учествувале во анкета на агенцијата Хина, во просек очекувале пад на БДП за 10,4%, а нивните проценки се движат од 9,5 до 11%.

Тоа е второ тримесечје по ред како хрватската економија завршува во минус на годишно ниво, што значи дека влезе во првата рецесија од 2014-та година.

Сепак, падот во третото тримесечје е помал одошто во второто, кога економијата поради рестриктивните мерки насочени против пандемијата, беше 15,4%.

Фото: Freepik