Хрватска воведува “детска“ картичка за сите семејства со деца

30

Министерството за демографија, семејство, млади и социјална политика на Хрватска разви проект под името Детска картичка за семејства со деца, што ќе им овозможи попусти и погодности при купување производи или користење услуги, пишува Пословни дневник.

Се работи за прва ваква мерка на ниво на Европа, којашто независно од бројот на деца и приходи им помага на семејствата. Поголемиот дел од земјите членки на ЕУ нудат семејни картички на родители кои имаат три или повеќе деца.

Попустите со оваа детска картичка ќе важат за сите и ќе се зголемуваат со бројот на деца во семејството. Родителите ќе може да ја користат во форма на бесплатна апликација.

Фото: Pexels